(ВИДЕО ) Боинг 747 претворен во луксзуен хотел

Остатокот од авионот „Boeing 727“ од 1965 година е модифициран во удобно сместување, во рамките на ресортот „Costa Verde“.

Туристичкиот комплекс е лоциран во Националниот парк Мануел Антонио во Костарика, опкружен со густа вегетација и бајковити плажи.

Оригинален кокпит
Ваквите конверзии на авиони не се новитет, но сепак се ретки. Да ве потсетиме на потфатот на инженерот Брус Кембел кој го купил распаднатиот „Boeing 717“ и од него направил атракција во близина на Портланд, САД.

Авионот во состав на ресортот „Costa Verde“ го задржал оригиналниот кокпит и седишта, додека пак остатокот целосно е реновиран. Просторот го составуваат две спални соби со посебни тоалети, мала кујна и тераса.

До приватниот влез се стигнува по скали, а (панорамски) платформите се лоцирани на крилата од авионот што даваат спектакуларен поглед кон океанот.

Гостите можат сами да си подготват храна, додека пак ресортот располага и со четири ресторани. Еден од нив се нарекува „El Avion“, а сместен е во остатоците од транспортерот Faircild C-123.

Единственото искуство не е евтино, па така ноќевање надвор од сезона на ова место чини 450 долари, додека пак цената може да достигне и до 1.150 долари во екот на сезоната, но гарантира незаборавно доживување во џунглата на Костарика.

https://www.youtube.com/watch?v=GRuIVB9bSwo&feature=emb_imp_woyt