Бред Пит и Емили Ратајковски се во врска?!

0
246

Наводните искри меѓу новиот пар доаѓаат кога актерот се уште се соочува со правен спор со поранешната сопруга и позната актерка Анџелина Џоли, а славната манекенка неодамна се раздели од американскиот актер Себастијан Бер-МекКлард.

Патем, Пит дели шест деца со Џоли; Медокс Чиван (21), Захара Марли (17), Шајло Нувел (16), Пакс Тиен (18), Нокс Леон (14) и Вивиен Маршелин (14).

Ратајковски го има синот Силвестер (1) со Себастијан Бер-МекКлард.

Се зборува дека и двајцата си дале шанса, но дека се уште е рано да се зборува за врска.

Исто така, и двајцата сакаат да го заштитат својот приватен живот колку што можат во ова деликатно време низ кое минуваат.