Ќе се врши ексхумација и обдукција на 25-годишниот беровчанец кој почина од сепса по интервенција на воспален и загноен заб, објави Телма.
Обвинителството од Штип денеска соопшти дека отворило предмет по информациите во медиумите и ќе испитува дали има лекарска грешка во третирањето на младиот Јован Димовски кој почина на 25 години.
За смртта на Димовски се дозна преку социјалните мрежи откако неговите роднини и пријатели објавуваа постови за изразување сочувство, но револт за прерано загубениот млад живот.
извор: Телма.