Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, во Крива Паланка, во придружба на заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин и локални претставници ја посети градинката „Детелинка“, дел од објектот Поточиња, каде во новоизградена доградба се обезбедува згрижување на уште околу 100 деца.
При увидот во завршните работи на објектот, каде од Владата, преку Министерството за труд и социјална политика се реализирани 21,9 милиони денари со дополнителни средства обезбедени од Општина Крива Паланка, премиерот Ковачевски истакна дека грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување во потребната инфраструктура.
Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:
„Денеска на мое огромно задоволство направив обиколка на детската градинка во центарот на Крива Паланка. Со проширување на просторот на овој објект кој е од суштинско значење за градот обезбедивме предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што се обезбедува згрижување на вкупно 200 деца.
Ова за мене е многу важен и убав проект. Секое дете во кое се има можност да се инвестира во ран детски развој е дете кое ќе има поголема можност за успех понатаму во животот. Тоа е нашиот влог во иднината на овие деца. Условите во кои ќе можат да ги поминат детските денови и да учат и низ програма и низ игра и да постигнат поголем интелектуален, општествен, емоционален и физички напредок се исклучително важни. Тие играат голема улога во тоа како ќе изгледа иднината на нашата земја.
Со проекти како овој инвестираме во подобрувањето на можностите за ран детски развој подеднакво во целата држава и обезбедуваме модерни услови за згрижување на најмалите.
Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка во вредност од скоро 22 милиони денари и дополнителни средства од општината, што е одраз на одличната соработка на централната и локалната власт.
Освен што е заменета кровната конструкција и поставена термо изолација на објектот, целосно заменет е системот за греење со на еколошки. Со оваа инвестиција обезбедуваме целосно енергетски ефикасен објект.
Исклучително е важно, што овој објект е реализација на воведените политики на Владата, за преземање конкретни мерки за обезбедување здрава животна средина и имплементирање на еколошките стандарди во сите сегменти.
Само така имаме задоволни граѓани и само така ќе имаме квалитетна реализација на нашите зацртани планови за унапредување на инфраструктурата и објектите за ран детски развој.
Грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување.
Влогот во нивниот развој е влог во нашето општество, влог во развиена, напредна и економски силна држава.
Вложуваме и во зајакнување на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки, затоа што тие се клучни во развојот на децата од најрана возраст.
Обезбедивме зголемување на платите на вработените во градинките, од 2017 година за вкупно 36%, а со ребалансот се обезбедени средствата за повисоки плати во образованието.
Од доаѓањето на оваа власт се реши прашањето со недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи, дотогаш ангажирани со договор на определено време.
Упатувам честитки до градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски за посветеноста на проектите кои се однесуваат на подобрување на стандардите на жителите од овој регион.
Реализацијата на овој објект, значи олеснување за уште за неколку семејства во однос на обезбедување претшколско сместување на нивните деца и истовремено ќе отвори нови работни места за стручен воспитувачки и друг помошен кадар потребен во оваа претшколска установа.
За поздравување е, што во оваа модерна градинка, се воведе еколошкото греење, енергетски ефикасната фасада, со цел намалување на загадувањето на животната средина.
Исто така, следејќи ги политиките за градење инклузивно и одржливо општество, оваа предучилишна установа обезбеди пристап на деца и лица кои живеат со пречки во движењето.
Нека е со среќа работата на оваа модерна, по европски стандарди градинка, каде потребите и квалитетниот ран развој на детето се ставени во центарот на вниманието, како едно од најважните вложувања во човечкиот потенцијал уште од најмлада возраст.“
извор: Влада
фото: Влада