Бојан Јовановски – Боки 13 денеска е прогласен за виновен за кривични дела меѓу кои и за измама во предметот „Меѓународен сојуз“, за што е осуден на единствена казна од 9 години. Јасна Мандиќ Ерцеговиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години. Поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски се ослободува од обвинението. Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на условна казна од две години, a Христина Карајованова Блажевска е осудена на една година затвор.
Во однос на Фросина Ременски судијката рече дека во текот на постапката не се најдени докази за сторено кривично дело. Ременски верувала во добро на проектот за отворање на Старечки домови, како што ѝ било презентирано од Јовановски, но во целата комуникација на Ременски не се најдени инкриминрачки дела.
За виновно е пресудено и невладиното правно лице Меѓународен сојуз на казна од еден милион денари.