Двајца пилоти на „Ер Франс“ се суспендирани оти се степале во кокпитот за време на летот Женева-Париз во јуни. Француската авиокомпанија кажа дека инцидентот не влијаел врз летот, а авионот безбедно слетал, објави СДК.МК.
Веста за тепачката се појави откако француската агенција за истражување на воздушниот сообраќај БЕА објави извештај во кој стои дека некои пилоти на „Ер Франс“ не се доволно строги во почитувањето на процедурите при безбедносни инциденти. Меѓу другото, во извештајот се наведени неколку инциденти кога имало истекување на горивото за време на лет, а пилотите не реагирале соодветно.
извор: СДК.МК.