Морската желка „Карета карета Туба“, која беше пуштена во морето пред три години со уред за сателитско следење инсталиран од службениците на Центарот за истражување и спасување на морски желки (DEKAMER) во Далјан, Туркије, помина 17.500 километри за три години, и сè го продолжува своето патување, пишува Агенција Анадолија (АА).
Морската желка стара од 25-30 години наречена „Туба“, беше пуштена во морето откако Центарот за истражување и спасување на морските желки (ДЕКАМЕР) во Далјан со поддршка на TUI Care Foundation на 28 август 2019 година инсталираше уред за нејзино сателитско следење. Таа е првата морска желка следена од Туркије (Турција) до Јадранот.
„Карета карета Туба“ се набљудува за да се одреди нејзината миграција, хранење и областите каде што престојува во зимскиот период, дали се ориентира кон плажи или пак во други правци. Исто така, се следи како на неа влијае магнетното поле на Земјата и насоката на струите.
Се нетрпение се чека како ќе продолжи патот на морската желка „Туба“, чија рута беше снимена 7.300.000 пати благодарение на уредот за следење. Се истакнува дека желката за три години поминала 17.500 километри.
И покрај толку долго патување, за морската желка сè уште може да се обезбеди проток на податоци од уредот за следење прикачен на неа.
Се нагласува дека обезбедени се податоци над очекувањата на експертите и „Туба“ стана желката што е следена најдолго време.
Откако ја напушти плажата Далјан Изтузу, „Туба“ помина два месеци на брегот на Мармарис, а потоа за еден месец стигна во Грција, застана и на бреговите на Малта, Италија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Хрватска.
Според новите податоци, „Карета карета Туба“ се наоѓа во близина на брегот на градот Лече на југот на Италија.
Движењата на морските желки, кои се следат со уред за сателитско следење, може да се видат на веб-страницата на ДЕКАМЕР.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).