Пакистанскиот министер за надворешни работи рече дека катастрофалните поплави што ја погодија неговата земја се „катастрофа од размери што никогаш не ги видел“, бидејќи бројот на жртвите надмина 1.000. Десетици милиони Пакистанци беа принудени да ги напуштат своите домови бидејќи цели села исчезнаа, а на социјалните мрежи кружат драматични снимки од местото на настанот кои ја прикажуваат драматичната ситуација во земјата.
Едно видео особено ги шокираше корисниците на социјалните мрежи. Целата зграда само се лизна во бездната, оставајќи пустош зад себе. Граѓаните шокирани гледаа што се случува околу нив.
republika.mk