Водителката Ирена Спировска, една од најубавите жени кај нас вели дека никогаш нема правено никакви естетски интервенции, а нејзиниот добар изглед го препишува на здравиот живот и на балансираната исхрана.
-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, вели Ирена која беше дел од традиционалниот Тамбурашки фестивал во Куманово и даде комплимент за изгледот на Каролина Гочева која настапи на фестивалот.
-Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции. Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, ни изјави Ирена која штотуку се врати од одмор.
Оваа година, таа вели дека и покрај работните ангажмани, успеала да одвои неколку дена и за одмор, па се одлучила за комбинација: неколку дена на море, неколку на езеро и се разбира неколку дена на планина.
Ирена, која долги години е заштитен знак на ТВ Алфа е горда на својот природен изглед.
фото ФБ
zenskimagazin.mk