Директорот на „Шел“ најавува повеќегодишна енергетска криза

0
323

Првиот човек на холандскиот нафтен гигант „Шел, Бен ван Берден, предупредува дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергијата и повеќе од само една зима.

Директорот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата може да потрае и неколку години, откако цената на бензинот минатата недела скокна на рекордно ниво, во екот на дополнителното намалување на испораките од Русија, што е сигнал дека целиот Стар континент може да падне во длабока рецесија, пренесуваат британските медиуми.

„Кризата ќе ја доведе во искушение солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја влада ќе биде принудена да одлучи како да обезбеди континуирано работење на клучните индустриски сектори”.

-Притисоците врз снабдувањето со енергија веројатно нема да бидат ограничени само на една зима, смета Ван Берден.

„Сосема е можно да имаме неколку зими пред нас во кои ќе треба да најдеме решенија преку заштеди, намалувања и многу брзо наоѓање алтернативи”, рече тој.

-Дека периодот пред нас ќе биде некако лесен или дека се’ ќе заврши брзо, мислам дека тоа е фантазија која треба да ја оставиме на страна”, заклучи првиот човек на „Шел”

фото:

www.shell.com.cn