Камион пропадна во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје.
Од 31 август по 4 септември на скопскиот плоштад ќе се одржи „Пиволенд“, а камионот што пропаднал носел опрема која требала да биде поставена за Фестивалот на пивотот.
Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.
Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена.
извор: Република
фото:Република