Да не се шират дезинформации: „ПАРИ“ никогаш не напиша дека профитот од коцкање е половина милијарда евра, туку дека толкав е приходот!

ДА НЕ СЕ ШИРАТ ВО ЈАВНОСТ ДЕЗИНФОРМАЦИИ: „ПАРИ“ НИКОГАШ НЕ НАПИША ДЕКА ПРОфИТОТ ОД КОЦКАЊЕ Е ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА, ТУКУ ДЕКА ТОЛКАВ Е ПРИХОДОТ!

Во сите казина и обложувалници, македонските граѓани минатата година оставиле 526,5 милиони евра, а вкупната добивка на сите вакви лиценцирани компании е 37,6 милиони евра, покажуваат податоците од платформата   Бизнис мрежа.

Овој податок е точен и не е опсоруван ниту од АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА, која за „Пари“ објасни како ги троши приходите.

Но, во јавноста, од Плус инфо, се пренесоа неточни информации дека се нерални пресметките за профит од 500.000 евра. Порталот „Пари“ ниту во еден свој текст не пишува дека профитот на обложувалниците и организаторите на игри на среќа е 500.000 евра. Дури, имаме и детален опис на приходи и добивки на сите 18 највлијатени компании во овој бизнис.

Веста на плус инфо е повлечена: МАКЕДOНЦИТЕ СЀ ПОЧЕСТО БАРААТ СПАС ВО КОЦКАТА За една година во обложувалниците завршиле 488,3 милиони евра

а утрово е објавена нова со неточни информации НЕРЕАЛНИ СЕ ПРЕСМЕТКИТЕ ЗА ПРОФИТ ОД 500.000 ЕВРА Реакција на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа

Линкот на: Пари