Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 240 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Берово – по 4, Свети Николе и Богданци – по 3, Штип, Струга, Неготино и Радовиш – по 2, Гевгелија, Дебар, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (240), регистрирани се 58 реинфекции.
Регистрирани сe 446 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Охрид – 80, Битола – 36, Кавадарци – 30, Прилеп – 22, Куманово и Гевгелија – по 17, Струга и Радовиш – по 10, Гостивар – 8, Кочани, Велес и Струмица – по 7, Штип и Неготино – по 6, Тетово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Кичево и Валандово – по 3, Крива Паланка, Ресен, Демир Капија и Делчево – по 2, Македонски Брод, Пехчево, и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица, од Прилеп (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16.08. до 24.08.2022 година.
МЗ