Мисисипи по поплавите остана без вода

0
246

Националната гарда на американската сојузна држава Мисисипи е активирана за доставување вода до жителите на главниот град Џексон, по откажувањето на локалната станица за прочистување на водата поради дождовите и поплавите што го погодија градот.

Околу 180.000 жители на Џексон го загубија пристапот до проточна вода на неодредено време откако зголемените поплави ја оштетија главната станица за прочистување на водата во градот во текот на викендот.

Гувернерот Тејт Ривс прогласи вонредна состојба за Џексон и околните области, предупредувајќи ги жителите од тоа подрачје да не пијат вода од чешма.

Училиштата, рестораните и деловните објекти се привремено затворени.

 

kurir.mk