Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, регистриран е денеска во морското подрачје кај островот Самос во Егејското море, се наведува во соопштението од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Епицентарот бил на 17 километри југозападно од градот Питагора, соопшти институтот. Бил на длабочина од 12,8 километри, во 13:10 часот. Моментално нема извештаи за жртви, а причинети се помали материјални штети.
Уште еден земјотрес се случил во 12:56 во истата област со јачина од 4,7 степени, на длабочина од 10 километри.