Почнувајќи од денеска, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник.
-Невладината организација Хрватско-македонска тангента на јавноста ќе и понуди вистинско книжевно, музичко и ликовно уживање. Отворањето ќе се случи на 2 септември во Музејот на град Шибеник со промоција на книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски и амбасадорот Љупчо Арсовски. На отварањето се очекува и доаѓање на македонскиот амбасадор од Загреб, проф. д-р Милаим Фетаи, како и директорката на КИЦ од Загреб, проф. д-р Наталија Поповска, информираат од Македонски глас од Хрватска.
Добитник на високото признание „Пријател на Македонија“, што Тангентата го доделува во знак на благодарност за долгогодишна соработка и искрена подршка во широк дијапазон на активности кои се однесуваат на приближување и пријателство на Хрватска и Северна Македонија во доменот на културата, уметноста, стопанството и политиката е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој воедно е и почесен член на Хрватско-македонска тангента, а ќе биде доделено истата вечер.
МИА