Германскиот канцелар Шолц пристигна во официјална посета на Македонија

Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Северна Македонија. Канцеларот Шолц, чиј домаќин ќе му биде премиерот Димитар Ковачевски, на аеродромот во Скопје го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

 

nezavisen.mk