Срѓан Лалиќ, попознат како информатичарот или насмеаниот касап на Вељко Беливук – Веља Невоља и Марко Миљковиќ, кој, по спогодба со обвинителството е осуден на 18 години затвор, е пуштен на слобода, објавува „Политика“.
Лалиќ бил ослободен од притворското одделение на Окружниот затвор во Белград, каде што беше од апсењето во февруари минатата година. Тој е однесен на тајна локација, а сега за него се грижат припадници на Единицата за заштита на сведоци на Министерството за внатрешни работи на Србија.
Лалиќ е во програмата за заштита според Законот за програма за заштита на учесниците во кривичната постапка. Програмата во која влезе овој обвинет сведок опфаќа збир на мерки предвидени со закон кои се применуваат со цел да се заштити животот, здравјето, физичкиот интегритет, слободата или имотот на заштитеното лице. Се спроведува доколку учесниците во кривичната постапка и лицата блиски до нив се изложени на животна опасност со давање изјави или информации значајни за докажување во постапката, а без тоа сведочење или информација докажувањето во кривичната постапка би било тешко или невозможно – објаснува соговорникот на „Политика“.
Лалиќ ќе биде сослушан пред судскиот совет кој ја води постапката против обвинетите членови на кланот на Беливук, откако сите обвинети ќе ја дадат својата одбрана, а по давањето на сведочењето од него повеќе нема да се бара да присуствува на судењата.
До неодамна, блискиот соработник на Беливук и Миљковиќ, кого нарекуваат „насмеаниот месар“, поради фотографијата на која е насмеан додека ја држи главата на една од жртвите, според неофицијални информации, во изјавата што ја дал на обвинителот, која потоа ја потпишал со своја рака, открил кој стои зад убиството на инвеститорот Мирко Којиќ – Која, екс полицаец и кум Марко Миљковиќ, најблискиот соработник на Беливук, за исчезнувањето и ликвидацијата на Теодор Гаќеша, сопственик на „Пинк“такси, како и за исчезнувањето на Мирослав Ранковиќ, косопственик на споменатото такси здружение.
Според истите информации, Лалиќ открил и како функционирала организираната криминална група, улогите на нејзините членови и нивната соработка со водачот на „кавачкиот клан“ Радое Звицер, но и како групата ги перела парите што ги стекнала со извршување на криминални дејствија.
Според зборовите на соговорникот на „Политика“ близок до истрагата, дел од информациите што Лалиќ ги кажал на обвинителот „се совпаѓаат“ со знаењето на полицијата и обвинителството, но тие секако треба да се истражат и потоа да се анализираат како дел од сите други информации.
Бидејќи за сето ова е потребно извесно време, ќе се почека евентуалното продолжување на обвинението против Беливук и Миљковиќ и другите членови на нивниот клан додека да се заврши тоа. Истражителите сакаат да имаат цврсти обвинувања кои нема да паднат во судскиот процес и кои дополнително ќе ја убедат јавноста во бруталноста на сторителите на делото – вели соговорникот на „Политика“.
Според неговите зборови, покрај неколкуте исчезнувања и убиства, Лалиќ зборувал и за злосторствата извршени во Грција – во Атина и на Крф, во кои биле убиени четворица „шкаљарци“, за судбината на луѓето кои ги извршиле овие злосторства, а кои сè уште се водат како исчезнати, но и за улогата на Звицер во овие ликвидации.
фото: Република