Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Посетителите повторно можат да уживаат во огромната понуда од реномирани продавници и бројни други содржини, велат одговорните во Ист Гејт Мол.
Отворите за канализација на булеварот Александар Македонски се отпушени, а од страна на техничките служби во молот превземени се дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина.
Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи.
skopjeinfo.mk