Протест во Тетово, граѓаните со поддршка за лекарот Бобан Вучевски – еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларната болница

0
287

Жители на Тетово се собраа пред зградата на Основен суд во знак на поддршка на лекарот Бобан Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларната болница во кој животите ги загубија 14 луѓе во септември 2021 година. Граѓаните се собраа пред денешното продолжување на судскиот процес кој започна на 7 декември, објави lider.mk.

Дел од насобраните граѓани во изјави за медиумите истакнаа дека дошле да му дадат поддршка на лекарот, сметајќи дека неправедно е обвинет. Според граѓаните, за пожарот не постои лекарска вина и нема логика лекар да одговара за пожар.

Насобраните велат дека лекарот сподели дека за време на кризата тој го дал својот максимум и покажал како треба еден лекар да изгледа, човек кој се грижи за граѓаните.

Текстот во целост на: lider.mk.

фото: lider.mk.