Со нова провокација се јави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Тој објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина во Косово, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“. Тој вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза. Тој претходно велеше дека Македонија е бугарска. Изјави дека преку Деве Баир двата народи ги дели само границата, мислејќи на македонскиот и бугарскиот народ.
novina.mk