Денеска во Шибеник погребана малечката Киара, која ја обедини цела Хрватска во донации за нејзиното лекување

На градските гробишта Квањ во Шибеник денеска беше извршен последниот погреб на прерано починатата Киара Грошчиќ. Киара почина на 25 јули оваа година во американскиот Сан Франциско, каде што се лекуваше од редок тумор

Во 2021 година, и беше дијагностициран малигнен тумор на мозокот IV степен, најагресивен од сите видови.

По тешката операција на која била подложена, во Хрватска веќе немало лек за неа, поради што семејството собирало средства за да замине во САД на експериментално лекување.

Киара ја обедини Хрватска, а за нејзиното лекување се собрани 18 милиони куни.

 

 

24sata.hr