Големо невреме во Бугарија- дваесет луѓе спасени со хеликоптер

Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер од поројниот дожд во Карлово, централна Бугарија.

Tие се спасени со хеликоптер „Кугар“ од најтешко погоденото село Богдан по силниот дожд во централниот дел на Бугарија во Рајна кај Карлово, јави дописникот на МИА од Софија. Уништени се три куќи и продавница во селото Слатина, една куќа во селото Богдан и неколку делумно уништени куќи во село Каравелово.

Сто војници од бугарската армија се во областа за да им помогнат на повредените, коментира началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, додавајќи оти хеликоптерот ќе ги надлетува најкритичните точки додека да падне мрак.

Се очекува воениот хеликоптер да достави храна и вода до селото Богдан, кое и понатаму е отсечено.  Паднале четири мостови на реките Стријама и Татладере.

 

vesnik.mk