Возило излета од коловозот на автопатот Штип – Миладиновци, нема повредени

0
135

Автомобил утринава излетал од коловозот на автопатот Штип – Миладиновци пред втората патарина кај Преод. Сообраќајната несреќа се случила нешто пред 7 часот изутрина, односно во СВР Штип била пријавена во 6:56 часот. Како што велат од таму, во несреќата учествувало едно патничко моторно возило марка „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое излетало од коловозот и се превртело. За среќа, причинета е само материјална штета и нема повредени, а увид на местото вршеше екипа на СВР Штип.

 

mnet.mk