Поскапува храната – над 1.000 артикли со нови цени

Од утре нов ценовен шок за граѓаните. Поскапува речиси се. За владата луксуз е и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

Сител ја објави листата производи за кои власта уверуваше дека ќе бидат само луксузни. Брои над илјада артикли. Меѓу нив и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпауваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот.

По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени.

Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата производи ја криеше. Нивното образложение тогаш беше дека ќе поскапат само оние кои кои ретко кој може да ги купи и дека ваквата мерка нема да удри по џебот на обичните граѓани. Ги споменуваа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла. Но, со новата листа и збунети се и самите маркети. Велат – ги поевтиниле лебот и млекото, а се останато ќе се продава поскапо.

Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони ерва.

извор: Сител