Докторка во Хрватска по грешка ставила лепак во око на шестгодишно момче

Пристигнал на Итната помош поради аркадна повреда, а излегол со залепено око, пишуваат медиумите во регионот. Докторка од болница во Чаковец по грешка му ставила лепак во окото на шестгодишно момче, изјавила мајката на момчето, а пренесуваат хрватските медиуми.

„Прво некое време не можеше да го отворат лепилото. Потоа му предложи на друг доктор да се обиде да го отвори. Лепилото не излегуваше и на крај го притисна лепилото толку силно што истото се разлеа по целото око а болката беше страшна. И тој буквално врескаше, не можеше да се смири од болката”, изјавила мајката на момчето за RTL.

Инцидентот се случил пред две недели. Докторката според написите не сакала да се појави пред камера, само кажала дека не е виновна. И поради целата ситуација таа изразила жалење во подолга изјава.

„Лепакот не беше во моите раце, но го направив најодговорниот дел – ја фиксирав главата на детето. За жал, дојде до несакано движење на детето и сосема случајно истурање на лепилото. Веднаш забележавме што се случило и се обидовме да ги намалиме последиците со брзо дејствување, иако од медицинска гледна литература не наидовме на податоци за трајни последици“, изјавла таа.

Добиената повреда во наредните денови била целосно санирана, изјавил офталмолог.

Мајката, пак, тврдела дека момчето било трауматизирано.

rtl.hr