(ВИДЕО) Кога Путин и Си Џинпинг прават палачинки – ги полнат со кавијар

0
94

Владимир Путин и Си Џинпинг ги покажаа своите кулинарски способности и заедно направија руски палачинки со кавијар.

Рускиот претседател и неговиот кинески колега на маргините на официјалните разговори направија руски палачинки со кавијар.

Двајцата лидери направија пауза од состаноците за да ги покажат своите кулинарски вештини.

Додека присуствуваа на економски форум во Владивосток, Путин и Си Џинпинг облекоа сини престилки за да направат традиционални руски палачинки – блини.

Откако направиле, претседателите се почастиле и гостите и како што пренесуваат медиумите „ги полиле со вотка“.

 

видео: YOUTUBE CGTN