Талевски: Десет дена молк по тешката хаварија на БЛОК 3

ВМРО-ДПМНЕ го прашува „раководството на Електрани на Македонија во заминување“, која е причината за молкот за тешката хаварија со поголеми размери во котелскиот дел на Блок 3 и дали некој направил план за работа или знае колку време ќе биде надвор од функција.

Иако СДСМ се обидува да го „прикрие“ дефектот на котелот 3 во РЕК Битола, велејќи дека е во официјален сервис во екот на зимската грејна сезона, состојбата не е нималку наивна. Котелот 3 е оштетен и прашање е дали воопшто ќе може да биде оспособен за нормална работа, изјави Владо Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ навремено предупредуваше дека набавката на несоодветен јаглен од Косово, Албанија и од Грција може да предизвика проблеми во работењето на РЕК Битола. Според информациите кои ги имаме, можна причина за хаваријата е што е носен е битуменозен јаглен со многу поголема калорична моќ. Котелот во РЕК Битола од конструктивни причини не може целосно да го согори јагленот. Донесениот јаглен е со многу поголема количина на пепел и сулфур“, изјави Талевски.

Како последица на тоа се јавува забетонирање на шљака околу цевниот систем во котелот и загадување на атмосферата со кисели дождови. Ваквото нестручно работење на СДС и ДУИ предизвика гасење на котелот и состојба во која тој е целосно „бетониран“ од кота „0“ до кота 20 метри.

„Минатата недела бевме сведоци на непромислен обид и насилно натерани да влезат работници да интервенираат во котелот, но поради високата температура се здобиле со тешки изгореници“, тврди Талевски.

Блок 3 во РЕК Битола уште долго време ќе биде во таканаречено „сервисно одржување“ и надвор од погон. Исходот од „квалитетното“ менаџирање на РЕК Битола е оштетен котел и повредени работници. Вчерашниот ден го проследи и ново „планско“ испаѓање на Блокот 1, а минатата недела речиси пет дена комплетно надвор од функција беше јагленовиот систем од двата рудници додека вртеа стотици камиони од ваков увозен јаглен со сомнително потекло, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ги предупреди надлежните да не ја префрлаат вината на работниците и посадата на Блок 3, кои ќе бидат заштитени од правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи синдикатот очигледно е ставен во функција на заштита на менаџерскиот тим.

„Го повикуваме раководството веднаш да си поднесе оставка! Виновниците и се познати и на јавноста и на вработените и за тоа бараме оставка од целокупниот раководен тим на Термоелектрани и РЕК Битола, кој дозволи ваков јаглен да биде донесен, а потоа и ставен за горење во котлите со што се предизвика оваа хаварија со несогледливи последици се со цел за тешки провизии и богатење на поединци! Бараме оставка и од Васко Ковачевски, ако не за катастрофалното менаџирање, криминалите, провизиите, нека си понесе оставка ја поднесе од морални причини“, се вели во изјавата.

Извор: ВМРО ДПМНЕ