Вработените од Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, во периодот од 28.08. – 02.09.2022 година, разменуваа искуства, знаења и практики од вршењето на државната ревизија.
Во своите воведни обраќања, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор на Државниот уред за ревизија Недиљка Рогошиќ на сите учесници на работилницата им посакаа квалитетна и успешна работа и размена на искуства и знаења кои ќе придонесат за зајакнување на соработката помеѓу двете ВРИ и обезбедување на додадена вредност во вршењето на државната ревизија.
Работилницата изобилуваше со квалитетни презентации и одлични дискусии од претставниците на двете Врховни ревизорски институции на повеќе теми и области од ревизорската работа и тоа:
– Новитети во работењето на двете ревизорски институции;
– Стручно усовршување и развивање на професионални вештини за вработените;
– Стратешки документи и стратешко планирање на ревизиите;
– Транспарентност, отчетност и комуникација со засегнатите страни; и
– Клучни утврдени состојби и дадени препораки од извршените ревизии на успешност.
Од работилницата произлегоа бројни заклучоци и задоволство од одличната соработка и комуникација која ја негуваат двете врховни ревизорски институции.
Државен завод за ревизија