Трошоците на живот на годишно ниво се зголемени за 16,8 отсто, а цените на мало за 14,2 отсто.
Државниот завод за статистика објави ново рекордно зголемување на инфлацијата.
За речиси 50 посто поскапо се продаваат маслото за јадење и лебот, млечните производи се поскапи за 30 посто, а зголемени се трошоците за набавка на овошје и зеленчук за 20 отсто.
Извештајот на статистика покажува дека на едно домаќинство за една година трошоците само за набавка на храна и пијалоци им се зголемени за над 25 отсто.
Очекувањата на експертите се дека до крајот на годинава инфлацијата ќе надмине 20 отсто.
фото: Архива