Над 5.000 граѓани се собраа вчера на плоштадот во Автокоманда, каде со голем музички настан беше одбележан 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија.
На настанот, кој беше во покровителство на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, настапија „Некст тајм“, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
-Моја Гази Баба, Ви благодарам од срце.
Повеќе од 5000 граѓани на плоштадот во Автокоманда порачаа:
Ние сме Македонци и нашата татковина е Република Македонија.
Нека е вековита самостојна, суверена и независна Македонија, напиша Стефковски.
извор: ФБ Бобан Стефковски