Министерството за надворешни работи не го има ажурирано сајтот на кој ги информира граѓаните за кои држави е потребна виза.
Така деновиве група бизнисмени се вратиле од Индонезија бидејќи биле информирани дека Индонезија и вовела визи на Македонија, а на сајтот на МНР и денес стои дека за Индонезија не се потребни визи.
Бизнисмените кои патувале на сам во Џакарта успеале да се вратат во Катар, од каде продолжиле за Мала Азија.
News1.mk уште пред 5 дена побара одговор од МНР, но до објавувањето на оваа вест нема одговор дали минситерството не знае за кои земји ни требаат визи, или администрацијата не успеала да го ажурира сајтот на кој се информираат граѓаните за тоа за кои земји ни требаат визи.
ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА СИ ПРОВЕРУВААТ ВО АМБАСАДИТЕ
Со оглед на тоа дека нашите институции се не професионални, не ажурни и едноставно речено никој не си ја работи својата работа, најдобро е граѓаните сами да проверуваат во амбасадите за кои држави ни требаат визи, а доколку од некоја држава нема амбасада во Скопје тоа да го прават во соседните земји.
извор: NEWS1.MK