Елизабета Втора – кралицата која мирно го деколонизира светот

По 70 години владеење од животот се прости Елизабета Втора – британската кралица која го деколонизира светот, во чие време од големата Британска Империја произлегоа педесетина држави без војни и крвопролевање. Сигурно не знаете дека таа беше првиот човек што испрати е-маил и симболично го внесе светот во новото дигитално време.

ДОЈДЕ НА ЧЕЛО НА ЦАРСТВО КОЕ САМА ГО РАСПАДНА ВО МИР, СТАБИЛНОСТ И СО ПОЧИТ ОД СИТЕ

Мапа на Британската Империја

Во сега веќе далечната 1952 година кога дојде на престолот Британската Империја опфаќала околу 25% од копното на планетата земја. Ова колонијално царство се протегало од Канада, преку Индија до Австралија. Териториите на царството во Африка се протегале од Египет до Јужна Африка, скоро целиот Арапски Полуостров, како и југо источните тертории на Азија и делови од Кина.

Од тогаш па во нареднтие децении ова царство го снемува на мирен начин, без конфликти, без крвопролевање и непријателства, за последно во 1997 година со враќањето на Хонг Конг на Кина и официјално да заврши процесот на деколонизација на светот и исчезнување на Британското Царство од политичката мапа на светот.

Ова е посебно интересно ако се има предвид како се распадна на пример Југославија, која била не споредливо помала во однос на Британското Царство кое било нај големата држава во историјата на човештвото и благодарение на мудроста, и паметната политика се распадна мирно, без војни и судири и се траснформира во економска заедница од која сите имаат интерес.

ЦАРСТВО СТАВЕНО ПОД ХИПОТЕКА ЗА СПАС НА ЧОВЕШТВОТО

Но, малкумина знаат дека истата таа 1997 година Велика Британија ја платила последната рата од кредитите кои ги добила од Америка за финансирање на Втората светска војна.

Тоа посебно треба да го знаат народите од земјите кои се прозилезени од колонијалното царство, ( а кои најчесто се од црна или жолта раса ) затоа што нивното постоење како слободни нации денес е резултат на победата во војната, која е плод на тоа што практично Британија го ставила колонијалното царство во еден вид залог ( хипотека ) за финансирањето на Втората светска војна.

Тоа треба да го знаат и во Македонија, бидејќи фактите се дека Британија меѓу другото со авиони дотурала храна и оружје и за партизаните во Македонија кои се бореле против фашистичкиот окупатор ( Бугарија, Германија и Италија ). Бројни партизански единици добивале храна и оружје од воздух, токму од државата на покојната кралица.

А зошто ова го спомнувам заедно со расата и бојата на нациите произлезени од колониите ? Па замислете што би било, ако Британија не ги добиела кредитите од Америка и не успеела да се финансира во војната и да победи? Дали некој мисли дека на пример луѓето од црната раса немало да бидат следни во гасните комори на Хитлер ?

Токму затоа мислам дека е жално и иронично тоа што вчера во некои држави од Африка поедини луѓе ја прославиле смртта на Кралицата. Веројатно не знаат дека да не била нејзината земја, тие денес можебни немало ни да постојат.

Истото важи и за пратеничката по потекло од Абуриџините во Австралија која со крената тупаница полагаше заклетва.

Веројатно оваа избраничка на народот на Австралија не знае дека пред да избие војната, Хитлер во писмено барање барал , како што ја нарекол „Правилна распределба на колониите“ што значело дека за да се избегне војна Британија требело да му ја даде доброволно Австралија или некоја друга територија во владение на нацистичка Германија.

Ако тоа се случело, дали денес во Австралија воопшто физички ќе постоеле Абуриџини е големо прашање, на кое за среќа нема никој да добие одговор.

ПУТИН ЈА ОЦЕНИ КАКО ЛИДЕР КАКОВ ШТО НЕМА ВО ДЕНЕШНОТО ВРЕМЕ НА СВЕТСКАТА СЦЕНА

 

Во првите кои изразија сочувство за смртта на Елизабета Вотра беше претседателот на Русија, Владимир Путин. Во официјално објавеното соопштение по повод смртта на кралицата Елизабета Втора , рускиот претседател покојната кралица ја окарактеризира како „лидер каков што во денешниот свет ретко се наоѓа“.

Ова можеби е чудно за „вжештените глави на Фејсбук“ кои шират одредена пропаганда, но јасно е дека Русија секогаш ќе има голем респект кон Британија, и обратно.