(ФОТО) Лицемерие или лапсус? Пендароски се прогласи за покровител на маратонот!

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство, пишува на официјалната страна на Претседателот.

За потсетување традиционално Охридскиот пливачки маратон се одржува околу 20 ти август, а годинава неколку денови пред тоа, Претседателот одби да биде покровител, под изговор дека  Пливачката федерација на Македонија има блокирана сметка, обидувајќи се да ја отфрли вината од себе. Сметката на Федерацијата е блокирана повеќе од петнаесет години, а ниту една претходна, ниту сегашната власт, директор на АМС, премиер или претседател не презедоа никакви чекори да ја одблокираат и да се овозможи нејзино нормално функционирање, спортистите остануваат оштетени подолго од деценија, а институциите не покажаа никаква заинтересираност да се излезе во пресрет и конечно да се реши криминалната позадина поради која страда овој спорт.

По откажувањето на Претседателот Локалната самоуправа и градоначалникот Кирил Пецаков направија се да обезбедат средства за маратонот да продолжи. Истиот годинава се одржува само благодарение на заложбата на Пецаков и локалната самоуправа.

Инаку Охридскиот пливачки маратон кој се одржува традиционално секоја година уште од 1954 година, кој е дел од официјалните ФИНА маратони и е домаќин на многу светски пливачки ѕвезди, меѓу кои и нашите најдобри македонски маратонци кои многупати го имаат освојувано овој маратон.

Фото: Кабинет на Претседател