Пет лица загинати при превртување на брод во Нов Зеланд најверојатно во судар со кит

Полицијата соопшти дека рибарски брод долг 8,5 метри се превртел во близина на градот Каикур на Јужниот остров и се истражува причината за несреќата.

Градоначалникот на Каикура, Крег Макл, изјави дека водата била целосно мирна во моментот на несреќата и дека се верува дека се појавил кит што се наоѓал под пловилото. Тој рече во тој дел минуваат китови.

Градоначалникот рече дека жителите помогнале во спасувачките напори во текот на денот, но дека постои чувство на вознемиреност бидејќи водата била толку студена што стравуваат за секој што паднал во водата.

Тој рече дека размислувал за можноста од судир на чамец и кит, со оглед на бројот на китови кои минуваат низ тој простор, но дека досега не слушнал за такви несреќи.

Каикура е популарна дестинација за гледање китови. Таму, морското дно наеднаш станува длабоко, блиску до брегот. Неколку компании организираат патувања со брод или возења со хеликоптери за туристите да видат китови, делфини и други морски животни одблиску.