DW: Германија ќе воведе „зелена карта“

0
316

Соочена со критичен недостиг на квалификувана работна сила, Германија планира да воведе своја верзија на Зелена карта. Таа има за цел да им олесни на луѓето од држави кои не се членки на ЕУ да дојдат за да најдат работа. Здруженијата на индустријата долго време се жалат на недостиг од квалификувани работници, а Министерството за труд предупредува дека тоа може да го забави економскиот раст. Според Сојузот на германските здруженија на работодавачи во металопреработувачката и електро-индустрија, две од пет компании велат дека нивното производство е попречено поради недостиг на кадар. Централното здружение на германски занаетчии (ЗДХ) проценува дека на Германија ѝ недостасуваат околу 250.000 занаетчии, објави DW.

Критериуми за работа

Сега т.н. „Карта на можности” која министерот за труд, Хубертус Хајл, ја претстави неделава, треба да им овозможи на странците и без понуда за работа да допатуваат во земјата. За тоа мора да исполнат барем три од следните четири критериуми:

1) универзитетска диплома или професионална квалификација

2) минимум три години работно искуство

3) јазични познавања или поранешен престој во Германија

4) возраст под 35 години

Ќе има и дополнителни ограничувања и услови, нагласи политичарот од СПД. Бројот на карти ќе биде ограничен според потребата, а ќе го одредува сојузната влада, рече Хајл.

„Се работи за квалификувано доселување, без бирократска постапка. Затоа е важно оние кои ќе добијат карта да може да си обезбедат егзистенција кога ќе дојдат”, рече Хајл во средата за ВДР.

Текстот во целост на: DW.