(ВИДЕО) Скандал во Рим: Ѓоковиќ погоден со шише во глава додека потпишуваше автограми

Голем скандал се случи на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Корентин Муте на Мастерсот во Рим.

Српскиот тенисер победи и се пласираше во третото коло, а после мечот беше погоден со шише од трибините.

Српскиот ас падна на земја од болки, а италијанските медиуми набргу потоа објавија дека Ѓоковиќ има расекотина на главата. „Спорт Медиасет“ објави дека Ноле превентивно бил однесен во болница на преглед, бидејќи по ударот се пожалил на блага вртоглавица. Исто така италијанските медиуми објавија дека Ѓоковиќ крварел откако бил удрен.

https://twitter.com/TheTennisLetter/status/1789009438273335567?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1789009438273335567%7Ctwgr%5E9bda491cfcbb86fddf2512d08b12532f6c190225%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportski.mk%2FD181D0BAD0B0D0BDD0B4D0B0D0BB-D193D0BED0BAD0BED0B2D0B8D19C-D183D0B4D180D0B5D0BD-D181D0BE-D188D0B8D188D0B5-D0B2D0BE-D0B3D0BBD0B0D0B2D0B0%2F

Ноле добил шише во глава од еден од фановите кои се обидувале по секоја цена да дојдат до автограм, но ударот не бил воопшто наивен, па Србинот падна на земја.