Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат дека локалните власти и јавните претпријатија за струја одвојуваат до 30% од приходите.
„Заради недомаќинското и криминално работење на власта на Ковачевски половина милијарда евра ќе се потрошат за струја.
Ковачевски првин велеше дека за покривање на кризата за купување на струја ќе бидат потребни 150 милиони евра, за потоа да излезат со информација по состанокот кај Пендаровски и да тврдат дека се потребни 300 милиони евра. Но повторно не ја говорат вистината, бидејќи кога ги прават пресметките забораваат на стопанството и на локалните самоуправи.
И наместо да работат цела година да го превенираат недостатокот и високите цени, тие се посветени на превозот на јаглен и мазут, кој да го транспортира или која фирма да го набавува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите.
„И додека власта брка проценти, народот плаќа поскапа струја, а има најава и за ново покачување, токму од Ковачевски за од јануари.
На удар е стопанството кое плаќа 4 пати повисоки сметки од до сега, но и единиците на локална самоуправа и јавните претпријатија кои за струја одвојуваат и до 30% од приходите.
Оваа ситуација ја создаде власта, зошто не овозможи домашно производство, кога имаше можност да набави енергенси како јаглен и мазут, ниту пак се посвети на нови копови и откривки во постојните копови.
Доколку власта итно не го смени пристапот, половина милијарда евра ќе бидат потребни за да се потрошат како резултат на нивната неспособност и криминогеност“, се додава во партиското соопштение.
извор: ВМРО ДПМНЕ