АДКОМ со последна опомена Владата да им помогне претпријатијата да ја надминат енергетската криза, во спротивно над милион граѓани може да останат без вода за пиење. Дополнително, стравуваат дека над 15 илјади вработени во комуналните претпријатија може да останат без работа. Со новите цени, им пристигнале сметки за 10 пати повисоки од досега. Бараат од државата и регулаторната комисија да им овозможи да ја плаќаат струјата по иста тарифа како домаќинствата за да можат да функционираат. Втората опција велат е финансиска помош од Владата со која ќе ја покријат разликата.
Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски пак се осврна на проблеми со загуби на водата кои на долг рок ги правеле претпријатијата не одржливи.
„Мора да се најде начин да се помогне на јавните претпријатија за вода и едно од решенијата е да се формира прифатлива цена за електричната енергија што ќе се обезбеди од преговори што ги има владата во моментов – посочи Бислимоски.
Енергијата што ќе се обезбеди од надвор ќе може да се активира Тето и освен топлиска, од таму ќе се произведува и електрична енергија и таа ЕСМ ја даде на јавните претпријатија и дел на стопанството – ова е е едно од решенијата. Потребни се структурни решенија, затоа што во спротивно би имало барањата за поскапувања од 100 и 200 отсто за вода, а нив бидете сигурни дека РКЕ ќе ги одбие – изјави Бислимоски.
Посочи дека мора и јавните комунални поретпријатија да превземат нешто во врска со намалувањето на загубите за вода.
Загубите на водата се над 60-65% и тоа е недоржливо. Исто како во фабрика од 100 коли 65 да не се добри, а од другите 35 само од нив да живеете. Тоа не е одржливо – изјави Бислимоски.
Тој посочи дека мора да се реализраат и инвестиции во водоводната мрежа.
Ние предлагаме некочку тарифи, па потоа советот на оптштините гласаат. И што покажува праксата: поради евтин популизам сите ја одбираат минималната тарифа. И граѓаните купуваат вода во флаши, кога нема вода. И пак се парите потрошени повеќе, а во мрежата не е инвестирано – изјави Бислимоски.
фото: Архива