Протест на слепите лица пред Владата, велат „Дајте ни ги правата“

Со паролата „Дајте ни ги правата”, Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ) денеска одржа протест пред Владата.

Слепите лица побараа зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, како и средба со премиерот Димитар Ковачевски.

извор: vecer.press
фото: vecer.press