Животот ми застана по смртта на син ми Денис Тот, ова денеска во судница го кажа Игор Тот, татко на убиениот хрватски ракометар. Кој на второто судење за овој случај беше испитан во својство на сведок, тој се приклучи на обвинението и најави отштетно побарување за кое најави дека дополнително ќе биде прецизирано, објави ТВ 24.
– Да беше жив сега мојот син, попаднево сигурно ќе играше за РК Бутел или за РК Вардар. Тој ја обожаваше Македонија и особено уживаше во Охрид. Мојата сопруга не работи, а јас работам со намален интензитет. Постојано сме на гробишта. Таму одиме по двапати на ден. Тешко функционираме, а особено тешко му е и на другиот наш син кој игра во Холандија. Очекуваме да се дознае вистината, да видиме што било и како било. Сакаме да дознаеме дали обвинетите се виновни, а ако се виновни, тогаш сакаме соодветно да бидат казнети. – Игор Тот- татко на ракометарот Денис Тот.
Никој не сакал да го убие Денис Тот со умисла, вака се бране тројцата обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар во судница. Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски, денеска изразија сочувство до семејството на Тот и рекоа дека жалат за настанот.
– Сакам да изразам сочувство до фамилија. Во ниеден случај не сме имале умисла ниту сме сакале да дојде до нешто такво. – Анџело Ѓоргиевски.
– Никој од нас не сакал, јас најмалку, да се случи тоа што се случи. – Клементина Левковска.
Според обраната пак правната квалификација на криивчното дело за кое се товарат обвинетите не е одржлива.
Текстот во целост на: ТВ 24.