Хрватска погодена од силно невреме, превртени камиони од силниот ветар

0
300

Силно невреме денеска ја погоди Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети.

Засега нема информации дали има повредени.

„Големи штети, здробени автомобили, превртени камиони, соборени дрвја. Нема струја во целиот град и како што сега стојат работите, два дена ќе нема струја бидејќи е урнат 35-киловатниот далновод“, изјави градоначалникот на Чазма, Динко Пирак, кој беше во обиколка на градот.

„Сѐ уште немам информации за повредени лица. Во градот брмчат сирени“, рече Пирак.

И полицијата сѐ уште нема информации дали има загинати во невремето. Со нив контактираат главно граѓани, чиј имот е оштетен.

hr.vrijeme