Бајден на погребот кај кралицата ќе дојде во приватна лимузина

0
218

Светските лидери се жалат откако дознале дека американскиот претседател Џо Бајден на погребот на кралицата Елизабета Втора може да дојде во приватна лимузина, а другите ќе мора да се возат во автобуси.

Навредени и револтирани, бројни странски државници сега бараат ист повластен третман каков што го има претседателот Бајден. Како што дознава Политико, дипломати од пет земји, вклучително и некои од групата Г7, побарале исклучоци за нивните лидери, наведувајќи ја возраста или безбедноста.

„Нашиот претседател е среќен да патува со автобус ако тоа му се каже, но има над 80 години. Ако постои начин да се избегне, ќе се обидеме да го обезбедиме“, рекол еден дипломат.

Прекуокеанските амбасади добиле упатство од Одделот за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) во саботата навечер, информирајќи ги дека странските државјани ќе бидат превезувани со автобуси од западен Лондон до Вестминстерската опатија поради „безбедносни и патни ограничувања“.

Два дена подоцна, британската влада тврди дека владата, а не Бакингемската палата, била задолжена за логистичките аранжмани за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Меѓутоа, на прашањето дали се очекува и претседателот Бајден да дојде на погребот со автобус, одговорноста била префрлена на друго место.

„Тоа е прашање што треба да го упатите до американската влада. Аранжманите на претседателот, вклучително и начините на кои патува, ќе зависат од индивидуалните околности. Обезбедените упатства се само совети“, велат од Министерството, пренесува Политико.

 

vecer.press