Туркије: Седум килограми дрога пронајдени во телата на петмина Иранци

0
216

Пет ирански државјани се уапсени во полициска акција во источниот турски град Ерзурум, откако во нивните тела се пронајдени 683 капсули со дрога тешка 6,9 килограми, јавува Агенција Анадолија (АА).

Екипите на полицискиот оддел за борба против криминалот со наркотици на Автопатот Ерзурум – Ерзинџан запреле возило со сомнителни лица во кое имало тројца ирански државјани.

При претресот на автомобилот пронајдени се лекови за „чистење на цревата“ и лекови кои „даваат чувство на ситост“. Поради сомнителното однесување полицијата ги привела иранските државјани Мехди Б., Милад Ф. и Сираус Г., кои потоа се префрлени во болница.

На рендгенските снимки е утврдено дека осомничените во телото имале 62 капсули хероин и 210 капсули опиумски афион.

Од снимките е установено дека капсулите со дрога се прошириле на речиси сите внатрешни органи на осомничените.

Лекарите и полицијата биле изненадени, бидејќи, како што рекоа, досега не виделе толкаво количество дрога во тело на човек. Од телата на осомничените дрогата била извадена со методот на дефекација.

Полицијата во Ерзурум приведе и двајца други ирански државјани, Масуд Т. и Солеман О., кои патувале во автобус и кои привлекле внимание со своето чудно однесување и начинот на седење во автобусот.

Контролите и рендгенските снимки покажале дека во телата на двајцата осомничени имало 411 капсули со опиумски афион.

Утврдено е дека уапсените во двете акции ја внесле дрогата во организмот со досега невиден метод на колоноскопија.

При прегледот, осомничените тврделе дека дрогата им била внесена во телото додека биле во бессознание и дека не знаеле колкаво количество дрога им била внесена во организмот.

Петтемина осомничени од кои биле извадени 683 капсули со дрога тешка 6 килограми и 955 грама, се приведени во полициска станица по петдневно празнење на цревата.

​​​​​​​По криминалистичката обработка одредена им е мерка притвор.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).