САД: Мајка ги удавила своите 3 деца во Атлантскиот Океан

0
213

Триесетгодишна жена во Соединетите Американски Држави (САД) е обвинета за убиство на своите три деца со давење во Атлантскиот Океан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ен Ерин Мерди била пронајдена додека се шетала накисната и боса на околу 3 километри од местото на настанот, во близина на пристаништето кај Кони Ајленд во Бруклин каде што на 12 септември се откриени безживотните тела на децата.

Претходно беше откриено дека трите деца, Захари Мерди (7 години), Лилиана Мерди (4 години) и Оливер Бондарев (3-месечно бебе) биле удавени.

Се наведува дека Ен Мерди претходно претрпела сериозни економски загуби.

Во судската евиденција е откриено дека Мерди морала да се исели од домот поради неплаќање на киријата.

Мајката се товари за убиство, но сѐ уште не е познато кога ќе излезе пред суд.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).