Осум луѓе избодени со нож во Иран по молитва во џамија

Осум луѓе се избодени со нож од непознат напаѓач во јужниот ирански град Шираз. Ова е последен во серијата напади врз свештеници и религиозни луѓе ширум земјата. Началникот на полицијата во Шираз изјави дека нападот го извршил 32-годишен маж по завршувањето на молитвата во џамијата Хаџ Абас во Шираз на 16 септември.

Во последните месеци има зголемување на извештаите за напади врз свештеници и религиозни луѓе во различни делови на Иран, што се совпаѓа со зголемените тензии меѓу населението поради влошување на условите за живот.

Меѓу нив, член на Басиј во јужниот град Казерун загина на 1 септември, откако беше избоден со нож од 15-годишник.

 

Радио Слободна Европа