Горан Милевски се повлекува и од министерската позиција и од лидерската во ЛДП

Претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски нема ги преживеа внатрепартиските превирања по неговите јавно искажани ставови против францускиот предлог во однос на преговорите меѓу Македонија и Бугарија. Според негови блиски соработници тој ќе се повлече и од позицијата министер за локална самоуправа.

Најголемите недоразбирања во ЛДП биле на релацијата Милевски и пратеничката Моника Зајкова, која важи за блиска до СДСМ. До крајот на годинава треба да се одржи редовниот партиски конгрес на кој се очекува токму Зајкова да го замени Милевски на лидерската партиска позиција.

ЛДП под водство на Милевски во неколку наврати беше блиску до целосно напуштање на коалицијата со СДСМ и приближување кон ВМРО-ДПМНЕ но тоа не се случи.

мkd.mk