Компјутер на МВР украден од граничниот премин „Блаце”

Украден електронски уред на граничниот премин Блаце. Првите сомнежи беа поврзани со ризикот од обиди за сајбер напади врз системот.

Од МВР за “Алсат” потврдуваат дека на контролниот терминал за патници со воз недостасува компјутерско куќиште. Но, тие негираат дека е можно да дојде до опасност од следење на информациите и до кражба на податоци, бидејќи, според полицијата, уредот не бил поврзан на софтверската мрежа на МВР. Во писмениот одговор велат дека компјутерот веќе подолго време не бил во функција.

„Известен е Секторот за внатрешна контрола, криминалистичка истрага и професионални стандарди, кое ги презеде соодветните мерки. Доколку се утврдат пропусти во постапувањето на кој било полициски службеник, ќе се преземат мерки согласно Колективниот договор на МВР и за тоа ќе биде известено надлежното јавно обвинителство“, известуват од МВР.

 

алсаттв