Папата не оди на погреб кај кралицата

Ватикан денеска соопшти дека Папата Франциск нема да присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, кој ќе се одржи во понеделник во Вестминстерската катедрала во Лондон.

Папата ќе го претставува министерот за надворешни работи на Ватикан, Пол Галагер, се наведува во соопштението.

Погребот ќе биде најголемата безбедносна операција досега за лондонската полиција, објавија властите. Ќе има стотици илјади луѓе на улиците, слично како за некои други големи настани во британската историја, како крунисувањето на кралицата Елизабета во 1953 година, погребот на поранешниот премиер Винстон Черчил во 1965 година и смртта на принцезата Дајана во 1997 година.

 

slobodenpecat.mk