Утрово во полициска станица Стрезимир биле известени дека 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт, додека се движеле по планинска патека на повисоките делови од Кораб, поточно местото на настанот е на локација на еден километар над ПС Стрезимир, соопшти ЦУК.
Случајот го пријавил планинар кој дошол до полицска станица Стрезимир, заради тоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање.
Од ЦУК соопштија дека била организирана и покрената спасувачка акција од тим составен од полицајци и планинари.
Од полициска станица – Караула Стрезимир било пратено едно возило со двајца полицајци до место каде што патот бил прооден за возило. Потоа, полицајците и групата планинари продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, коишто го извлекувале човекот кој добил срцев удар, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнт со возилото на Брзата помош.
telma.mk